24фудбал

Пике барал да заработува повеќе од Рамос, објавен договорот на дефанзивецот со Барса тежок 142 милиони

Весникот Ел Мундо го објави договорот на Жерард Пике со Барселона, дефанзивецот имал загарантирани 142 милиони евра бруто за пет години, ѕвездата на „каталонците“ барал да заработува повеќе од ривалот од Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Шпанија

Откако оваа недела беа објавени преписките помеѓу Лео Меси и Барселона во преговорите за нов договор и условите кои Аргентинецот ги поставил за да остане верен, Ел Мундо сега ги објави деталите од договорот на Жерард Пике.

Жерард Пике во 2018 се обврза кон „каталонците“ на нова петгодишна соработка и според Ел Мундо, овој договор му гарантирал 142 милиони евра бруто, или 28,4 милиони евра по сезона.

Во преговорите со Жозеп Мариа Бартомеу, Жерард Пике барал да заработува повеќе од Серхио Рамос и да биде најплатениот дефанзивец во светот.

Желбата му била исполнета, Серхио Рамос од Реал Мадрид добивал 12,5 милиони евра нето по сезона, додека пак Жерард Пике од Барселона добивал и до 15 милиони евра нето по сезона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.