24фудбал

Словачки судија ќе ја дели правдата на мечот меѓу Грузија и Македонија

Словачкиот судија Иван Кружлиак ќе го суди утрешниот меч од Лигата на нации меѓу Грузија и Македонија кој се игра во Тбилиси.

Македонија

Мечот меѓу Грузија и Македонија е клучен за првото место во групата. Грузијците се во многу поволна позиција по победата од 3-0 во Скопје, а ние ќе бркаме чудо, идентичен таков триумф или уште повисок.

Задачата да ја дели правдата на овој дуел ќе ја има словачкиот судија Иван Кружлиак.

Дел од нашите фудбалери го знаат овој судија по мечот од Европското првенство до 21 година кое се одржа во 2017 година. Тој го судеше последниот меч на македонската репрезентација кога загубивме од Португалија со 4-2.

Помошници ќе му бидат неговите сонародници Бранислав Ханцко и Јан Позор, четврти судија ќе биде Петер Кралович. Италијанецот Паоло Валери е ВАР судија, а неговиот сонародник Марко Бресмес му е помошник во ВАР собата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.