24фудбал

Две ѕвезди на Баерн Минхен нема да играат за Германија, позитивни се на ковид-19!

Капитенот на Баерн Минхен и германската репрезентација, Мануел Нојер како и неговиот клупски колега Леон Горецка нема да ги играат престојните натпревари за Германија затоа што имаат ковид-19.

Германија

Двајцата фудбалери биле позитивни на тестирањето пред почетокот на тренинзите на германската репрезентација поради што се изолирани од остатокот од тимот.

Другите играчи биле негативни и продолжиле да се подготвуваат.

Селекторот Флик како замена за Нојер го повика Оливер Бауман, а нема да вика нов играч на местото од Горецка.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.