24фудбал

Томас Тухел чека да се ослободи местото во Баерн Минхен, ќе работи таму и за помала плата

Германскиот весник „Билд“ пишува дека Томас Тухел сака да биде тренер на Баерн Минхен, тој би прифатил и помала плата отколку што добиваше во Челси.

Германија

Баерн Минхен е во криза, Баварците под водство на Нагелсман немаат победа на четири меча во низа во Бундеслигата.

Јавно раководството на клубот му дава поддршка на Нагелсман и велат дека не размислуваат за тренерска смена, но медиумите во Германија не сметаат дека е тоа така.

Тие веруваат дека прв фаворит на Баерн Минхен за нов тренер е Томас Тухел, а „Билд“ сега пишува дека желбата за соработка е обострана.

Тухел сака брзо да се врати на работа, тој е подготвен да потпише договор и за помала плата во Баерн Минхен. Помала плата од таа што ја добиваше во Челси.

Сепак се верува дека Баерн ќе му даде уште некоја шанса на Нагелсман пред да се реши да го смени.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.