24фудбал

Алегри го отстрани Бонучи од тимот поради изјава

Леонардо Бонучи не играше на мечот против Монца, официјално од „технички причини“, но според Газета дело Спорт, причината е друга.

Италија

Леонардо Бонучи на клупа го преседе поразот на Јувентус од Монца, а по мечот асистентот на Алегри, Марко Ландучи објасни дека капитенот бил изоставен поради технички причини.

Но, „Газета дело Спорт“ смета дека тоа е само обичен изговор, а вистината е сосема поинаква.

Алегри го изоставил Бонучи поради изјавата дадена по поразот од Бенфика.

„Загрижен сум, нема причина да се негира тоа. За жал имаме тенденција да ја губиме нашата игра за време на натпреварите. Не знам зошто тоа ни се случува, но факт е дека тоа најмногу ме загрижува, повеќе од лошите резултати“, вели Бонучи.

Алегри ова го сфатил како удар врз неговата тактика и не го ставил во тимот на Монца.

Навивачите на Јувентус поддршката му ја дадоа на Алегри, тие излегоа со соопштение во кое велат дека Бонучи никогаш не бил лидер и нема да биде вистински капитен на тимот.

Ова не е прва расправија меѓу Алегри и Бонучи. Дефанзивецот токму поради расправии со Алегри го напушти Јувентус и одигра една сезона во Милан по која се врати.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.