24фудбал

Шпанците тренираат со „токи-воки“ на грбот, Луис Енрике не мора да го повишува гласот (ВИДЕО)

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике воведе иновација на тренинзите на шпанската репрезентација, секој фудбалер има озвучување на грбот од кое ќе ги слуша неговите инструкции.

Шпанија

Шпанската фудбалска репрезентација објави видео од новината која ја воведе Луис Енрике.

На видеото тој им објаснува на фудбалерите за новата иновација, секој од нив има мало звучниче на грбот од кое ги слуша неговите инструкции од „токи-вокито“ кое го држи во раката.

Луис Енрике ова го прави за да може да ги гледа тренинзите од висина, односно од кулата која е монтирана до теренот. На овој начин тој има подобра прегледност кон работата на фудбалерите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.