24фудбал

Роналдо сака да игра и на Европското првенство во 2024

Кристијано Роналдо сака и во наредните две години да игра фудбал на највисоко ниво и да биде дел од репрезентацијата на Португалија.

Останато

На Роналдо синоќа му беше доделена наградата за најдобар стрелец во историјата на Португалија. На свечената церемонија тој ја истакна желбата да биде дел и од ЕВРО 2024.

„Горд сум на оваа награда, никогаш не помислував дека еден ден ќе дојдам до неа. Им благодарам на сите кои беа важни во мојата кариера. Ова беше долг пат, но сакам да кажам дека мојот пат се уште не е завршен“, вели Роналдо.

„Се надевам дека уште неколку години ќе бидам дел од репрезентацијата на Португалија. Се чувствувам мотивиран, моите амбиции се високи. Во тим со млади фудбалери сум. Сакам да бидам дел од ова Светско првенство и од Европското исто така“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.