24фудбал

Бускетс ја игра последната сезона во Барса, Чави одбрал кој ќе биде негова замена

Според каталонскиот весник „Спорт“, Серхио Бускетс ќе си замине од Барселона следното лето, а Чави сака на неговата позиција да игра Френки де Јонг.

Шпанија

Френки де Јонг силно се поврзуваше со заминување од Барселона поради високата плата која ја добива, но работите во меѓувреме се променија, тој реши да остане, а тоа е и на задоволство на Чави.

Бускетс има 34 години и веќе не е на физичко ниво како порано, поради што Чави е приморан да прави ротација на таа позиција.

Серхио Бускетс беше оставен на клупата на два меча оваа сезона, против Елче во Ла Лига и против Викторија Плзен во Лигата на шампионите, а не играше ниту против Реал Сосиедад поради суспензија.

На овие три меча Чави улогата на Бускетс му ја даваше на Френки де Јонг. Тренерот на Барселона е презадоволен од тоа како Холанѓанецот игра на таа позиција.

По заминувањето на Бускетс, Чави ќе му ја даде таа позиција на Френки де Јонг.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.