24фудбал

Мората: Точно е, можев да направам трансфер во Барселона, но...

Алваро Мората кој е на должност со шпанската репрезентација, потврди дека имал опции и за трансфер во Барселона, но тогаш Алегри инсистирал тој да остане во Јувентус.

Шпанија

Мората кој настапуваше за Реал Мадрид, а веќе извесно време е играч и на Атлетико Мадрид, имал можност да потпише и за Барселона минатата зима.

„Да да, имаше шанси да потпишам за Барселона. Минатата зима имав четири или пет многу добри шанси за трансфер. Но Алегри беше јасен, ми рече: „Не мрдаш од тука, сакам да играш заедно со Влаховиќ“, открива Мората.

Тој беше прашан да потврди дали ако не бил Алегри ќе завршел во Барселона.

„Последниот збор ќе го имаше Атлетико Мадрид“.

Мората е фудбалер на Атлетико Мадрид од 2020 година, а во Јувентус играше на позајмица.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.