24фудбал

Асенсио не ја отфрли можноста еден ден да заигра за Барселона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио не сакаше комплетно да ја отфрли можноста еден ден да го облече дресот на Барселона.

Шпанија

Иднината на Асенсио во Реал Мадрид е неизвесна, тој не игра колку што сака, а му тече последната година од договорот.

„Да, имав шанси да си заминам, потпишување на нов договор со Реал Мадрид не зависи од мене, има и многу други фактори“, вели Асенсио.

„Се надевам дека тоа ќе се случи бидејќи секогаш сум бил среќен тука. Шпекулации? Тоа е нормално, за неколку месеци можам да потпишам како слободен фудбалер со некој“.

„Не знам дали Барселона ме сака, има гласини кои ме поврзуваат со многу клубови, тоа е нормално“.

Асенсио беше запрашан дали може да каже дека никогаш нема да игра за Барса, тој одби да го стори тоа.

„Никогаш не сум помислил на иднина во Барселона... па не знам. Во моментов не можам да одговорам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.