24фудбал

Левандовски: Во Шпанија има повеќе фудбал, во Германија е повеќе трчање

Новата ѕвезда на Барселона, Роберт Левандовски прави споредба меѓу Ла Лига и Бундеслигата според она што го видел на стартот од неговата авантура во Шпанија.

Шпанија

По долги години поминати во Германија во тимовите на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, Левандовски конечно реши да ја смени земјата и да се проба во Ла Лига.

И таму му оди одлично, Левандовски не престанува да дава голови, но вели дека е потешко бидејќи противниците играат тактички подобро отколку во Бундеслигата.

„Дефинитивно во Бундеслигата има повеќе трчање. Во Шпанија има повеќе тимови кои сакаат да играат фудбал. Тоа се моите впечатоци во моментов, но не ја исклучувам можноста тоа да се промени“, вели Левандовски.

„Веќе се сретнав со екипи кои играат дефанзивно. Така беше на мечот против Елче. Дадов два гола, но беше навистина тешко, противникот компактно се бранеше и умешно се движеше по теренот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.