24фудбал

Официјално: Русија нема да игра ниту квалификации за ЕУРО 2024

Русија нема да биде дел од ждрепката за престојните квалификации за Европското првенство 2024 година, забраната издадена од УЕФА продолжува.

Останато

Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок одлучи да ја продолжи забраната за настап на репрезентацијата на Русија во натпреварувањата.

Поради тоа што војната во Украина се уште трае, Русија нема да биде во октомвриската ждрепка за квалификациите за ЕУРО 2024, а тоа значи дека нема да биде дел ниту од овој континентален собир.

УЕФА денеска го усвои квалификацискиот систем. Во ждрепката ќе учествуваат 53 репрезентации кои ќе бидат поделени во 10 групи, три од нив ќе бидат со по шест селекции, а седум со по пет репрезентации во група.

Домаќинот Германија автоматски ќе се пласира на ЕУРО 2024, првите две селекции од секоја група одат на Европското првенство, и уште три селекции ќе отпатуваат таму од Лигата на нации.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.