24фудбал

Депај зошто решил да остане во Барса и покрај интересот на повеќе клубови за него

Мемфис Депај се поврзуваше со неколку клубови ова лето, пред се со Јувентус, но Холанѓанецот одлучи да остане во Барселона.

Шпанија

Депај имаше договорено раскин на договорот со Барселона, но тој ќе се активираше само доколку фудбалерот пронајдеше друг клуб.

Тоа не се случи, Депај водеше преговори со други клубови, но не ги договори личните услови и реши да остане во Барселона.

Во изјава за „ЕСПН Холандија“ тој вели дека решил да се бори за место во тимот на Барселона и убаво му е на Камп Ноу.

„Летото дојдоа неколку клубови и кога имате таков случај ги разгледувате опциите, на крајот одлучив да останам и да се борам за шанса во Барселона“, вели Депај.

„Сакам конкуренција, не бегам од тоа. Уживам што сум дел од Барса“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.