24фудбал

Анчелоти: Ако Симеоне вели дека сме се бранеле добро со низок блок, му благодарам, тоа е комплимент

Карло Анчелоти му врати на Диего Симеоне кој рече дека Реал Мадрид синоќа го потсетил на неговиот Атлетико Мадрид со Диего Коста кога добивал критики од сите страни.

Шпанија

Диего Симеоне по мечот со Реал Мадрид ја истакна дефанзивната игра на кралскиот клуб со низок блок и брзи контри, нешто за што тој добива критики.

Симеоне во тој коментар беше ироничен, сакаше да каже дека тој и Атлетико Мадрид добиваат критики кога играат таков фудбал, но не и Реал Мадрид.

Карло Анчелоти не остана покус, му врати на Диего Симеоне.

„Се браневме со низок блок и требаше да го правиме тоа. Јасно е дека ја отстранивме опасноста од нивните одлични офанзивци како што се Жоао Феликс и Гризман. Ако Симеоне рекол дека сме се бранеле добро со низок блок, му благодарам бидејќи мислам дека тоа е комплимент“, рече Анчелоти.

Реал Мадрид е единствениот клуб во најдобрите пет лиги кој има перфектен учинок во досегашниот дел од сезоната, само победи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.