24фудбал

Симеоне го пецна Анчелоти: Овој Реал ме потсети на мојот Атлетико со Диего Коста кога сите нè критикуваа

Реал Мадрид синоќа со 2-1 го победи својот градски ривал Атлетико на Ванда Метрополитано, Диего Симеоне по мечот го пецна противникот велејќи дека играле дефанзивно.

Шпанија

Сите го знаат стилот на Атлетико Мадрид кој често е мета на критики. Диего Симеоне е познат како тренер кој игра дефанзивен и валкан фудбал, неубав за око.

Тој вели дека синоќа Реал Мадрид одиграл така, но не гледа дека кралскиот клуб добил критики.

„Фудбалерите дадоа сè од себе, одиграа добар натпревар. Но тренерот на Реал Мадрид изврши одлична работа. тие имаа брзи контранпади. Кога ги гледав како се бранеа со низок блок и одеа на такви контри... тоа ме потсетува на мојот тим кога го имавме Диего Коста и кога сите нè критикуваа како играме“, вели Диего Симеоне.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.