24фудбал

Ниту Атлетико не го сопре Реал, шест од шест за кралскиот клуб (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 го доби големото градско дерби против Атлетико Мадрид кое се играше на Ванда Метрополитано, тимот на Карло Анчелоти има шест победи од шест натпревари во новата сезона.

Шпанија

И по гостувањето кај Атлетико Мадрид, Реал остана единствениот клуб во најдобрите пет лиги во Европа кој има максимален учинок.

Реал Мадрид своето го одигра во првото полувреме од натпреварот кога со голови на Родриго и Валверде дојде до водство од 2-0.

Во второто полувреме Ерносо кој влезе во 72. минута го раздрма натпреварот. Во 83. минута даде гол за 2-1 и интересен финиш на натпреварот.

Брзо потоа беше главен виновник за една мешаница на теренот меѓу фудбалерите на двата тима, а во 91. минута доби и втор жолт картон и беше исклучен од игра.

По шест одиграни кола во Ла Лига, Реал Мадрид е на врвот со максимални 18 бодови, на седмото место е Атлетико Мадрид со 10.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.