24фудбал

Оливер Кан му даде поддршка на Нагелсман и ги нападна фудбалерите

По вчерашниот пораз од Аугсбург, уште посилно се пишува за иднината на Јулијан Нагелсман, директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан му даде поддршка на тренерот.

Германија

Баварците врзаа четири меча без победа во Бундеслигата, се погласно се зборува дека Нагелсман може да добие отказ.

Но Баерн Минхен засега е зад својот тренер, барем јавно.

„Ние имаме комплетна доверба во Јулијан Нагелсман. Се разбира дека тој е загрижен, сите се, но ние веруваме во него“, вели Оливер Кан.

„Некои фудбалери веројатно веруваат дека Бундеслигата е второстепено натпреварување. Тоа е неприфатливо“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.