24фудбал

Голманот на Аугсбург со страшна интервенција спречи Нојер да даде гол (ВИДЕО)

Малку фалеше синоќа Мануел Нојер да го спаси Баерн Минхен од пораз на гостувањето кај Аугсбург, но домашниот голман Рафал Гикиевич имаше маестрална одбрана.

Германија

По три нерешени средби во низа во Бундеслигата, Баерн Минхен синоќа загуби од Аугсбург со 1-0.

Поразот можеше да биде избегнат, но тоа не го дозволи голманот Рафал Гикиевич кој имаше супер интервенција по шут на Мануел Нојер во 94. минута.

Во последните моменти од мечот Нојер се пресели пред голот на Аугсбург при еден корнер и ја шутна топката со глава, но Гикиевич покажа одличен рефлекс и не дозволи неговата мрежа да се затресе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.