24фудбал

Баерн не бил вака лош преку 20 години, Аугсбург приреди изненадување и ги совлада „баварците“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен за прв пат по 2001 нареди четири натпревари во Бундеслигата без победа, Аугсбург попладнево приреди изненадување и со 1-0 го совлада шампионот.

Германија

Баерн Минхен добро ја отвори сезоната, но влезе во резултатска криза, попладнево избраниците на Нагелсман го забележаа првиот пораз и загубија на гостувањето кај Аугсбург.

Домаќините приредија големо изненадување и со 1-0 славеа над шампионот на Германија, голот вреден три бода го постигна Бериша по еден час игра.

За тоа каква е кризата на Баерн говори податокот дека ова е прв пат по 2001 година „баварците“ да наредат четири натпревари во Бундеслигата без победа.

На останатите натпревари од 15:30 часот, Борусија Дортмунд го доби локалното дерби против Шалке со 1-0 со голот на Мукоко во второто полувреме. 

Ајнтрахт Франкфурт со 1-3 славеше на гостувањето кај Штутгарт, а мечот помеѓу Баер Леверкузен и Вердер Бремен заврши со резултат 1-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК