24фудбал

Винисиус се огласи по бурата која беше креирана и ја повтори фразата која ја има истетовирано (ВИДЕО)

Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус се најде во центарот на вниманието откако во пресрет на градското дерби се крена голема дебата за начинот на кој ги прославува погодоците, па дури беа користени и расистички навреди.

Шпанија

Во пресрет на лутото градско дерби на Мадрид, се крена голема дебата за начинот на кој Винисиус Жуниор ги прославува погодоците, односно танцот на Бразилецот.

Претседателот на здружението на агенти, Педро Браво се чини дека ја премина границата во едно гостување во емисијата „Ел Чирингито“, каде рече: „Винисиус мора да ги почитува противниците, доколку сака да игра самба, нека оди во Бразил, тука мора да покаже почит кон колегите“.

„Треба да престане да прави мајмун од себе“

Последниот коментар креираше бура во фудбалската јавност, и обвинувања за ксенофобија и расизам.

Реал Мадрид застана во одбрана на својот играч и најави тужба. Се огласи и Винисиус Жуниор, кој порача дека нема да престане да танцува.

„Се додека бојата на кожата е поважна од светлината во очите, ќе има војни. Оваа фраза ја имам истетовирано на моето тело. Ја имам врежено оваа мисла во мојата глава. И во животот се однесувам на начин со кој оваа филозофија ја претварам во реалност“ – вели Бразилецот.

„Овие танцови ги слават различните култури ширум светот. Прифатете ги! Почитувајте ги! Или ако сакате врескајте... Во секој случај, јас нема да престанам!

„Ќе продолжам да танцувам, без разлика дали тоа е самбадром, Бернабеу или некое друго место“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.