24фудбал

Телефонски број или Инстаграм? Девојка му остави ливче на Гави додека добиваше автограм (ВИДЕО)

Младиот Гави вчера стави потпис на нов договор со Барселона а камерите уловија интересен момент, девојка му остави ливче додека добиваше автограм и веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Шпанија

18 годишниот Гави оваа недела беше награден со нов богат договор откако минатата сезона се промовираше на фудбалската сцена и покажа дека поседува талент и квалитет да стане врвен фудбалер.

Барселона синоќа на Камп Ноу организираше церемонија на која младото момче стави потпис на документите и позираше пред медиумите.

Камерите уловија еден интересен момент од настанот, додека Гави делеше автограми, една девојка му остави ливче и го збуни. Ситуацијата за кратко време стана хит на социјалните мрежи и сите пишуваат дека фудбалерот на Барселона добил телефонски број или Инстаграм и покана за дружење.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.