24фудбал

Јувентус има три имиња за наследник на Макс Алегри

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус има три имиња за наследник на Макс Алегри, во случај на отказ на стратегот ќе се насочи кон Маурисио Покетино, Зинедин Зидан и Томас Тухел.

Италија

По слабите резултати на стартот од новата сезона и двата порази во Лигата на шампиони, притисокот врз Макс Алегри е голем и навивачите бараат заминување на стратегот.

Се чини дека неговиот богат договор и лошата финасиска состојба н а клубот во моментов се една од причините за тој да продолжи, но доколку резултатите не се подобрат, се чини дека отказот е неизбежен.

Според Калчомеркато, Јувентус се подготвува за едно вакво сценарио и веќе има три имиња за наследник на Макс Алегри.

На радарот на „старата дама“ се Маурисио Покетино, Зинедин Зидан и Томас Тухел.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.