24фудбал

Рома сигурна против ХЈК, Алиоски и Фенербахче во последен миг се спасија од пораз кај Рен (ВИДЕО)

Рома ги прокнижи првите три бода во Лига Европа откако вечерва со 3-0 го совлада ХЈК, Езгјан Алиоски и Фенербахче во финишот се спасија на гостувањето кај Рен и си заминаа со бод.

Лига Европа

Рома се радува на првата победа во Лига Европа оваа сезона, избраниците на Жозе Мурињо стигнаа до триумф од 3-0 над ХЈК.

Гостите некако успеваа да одолеат во првото полувреме и покрај тоа што 15 минути игра останаа со играч помалку, но дилемите околу победникот беа решени на стартот од вториот дел.

Дибала погоди за 1-0 во 47. минута, а Пелегрини реализираше за 2-0 во 49. минута. Конечниот резултат го постави Белоти во 68. минита.

Езгјан Алиоски и Фенербахче во финишот се спасија од пораз на гостувањето кај Рен. Домаќините за две минути погодија два пати на стартот од второто полувреме, Кавечи сепак ги врати гостите во игра во 60. минута за во судиското надополнување Валенсија од пенал да донесе бод.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.