24фудбал

Колку ќе чини отказот на Макс Алегри?

По слабиот старт во новата сезона, навивачите бараат заминување на Макс Алегри, но „старата дама“ ќе треба да внимава и на финасиите при одлуката за иднината на тренерот.

Италија

Макс Алегри е под голем притисок откако синоќа Јувентус загуби дома од Бенфика во Лигата на шампиони и за прв пат во својата историја го отвори најелитното европско натпреваруање со два порази.

„Старата дама“ не блеска ниту во Серија А со само две победи на шест натпревари, па навивачите полека го губат трпението.

Но при одлуката за иднината на тренерот, Јувентус ќе мора да внимава и на финансиите поради големиот минус.

Макс Алегри има нето плата од 7,5 милиони евра по сезона (13 милиони евра бруто) плус бонус и договор со трајност до 2025 година.

Евентуален отказ ќе значи и големо обесштетување, или дополнително оптоварување на буџетот со двајца тренери на списокот за плати.

Во оваа насока беше и коментарот на првиот човек Маурицио Аривабене кој на шала на еден незадоволен навивач му рече: „Кој ќе го плаќа новиот тренер? Ти?“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.