24фудбал

Алегри објасни зошто го извадил Милик од игра

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри објасни зошто го извадил Аркадиуш Милик од игра, вели дека се мачеле на средината од теренот па морал да замени еден од напаѓачите.

Лига на Шампиони

Јувентус си го закомпликува животот во Лигата на шампиони откако вчера дома загуби од Бенфика и по првите две кола има нула бодови.

Макс Алегри е на удар, фановите бараат негова оставка, а се чини дека стратегот критики доби и од Анхел Ди Марија, кој по крајот на натпреварот се чудеше на одлуката од игра да биде повлечен Аркадиуш Милик, кој има три гола на последните пет натпревари.

Стратегот ја образложи својата одлука, вели дека се мачеле на средината од теренот, морал да жртвува еден од напаѓачите и изборот паднал на Аркадиуш Милик бидејќи Полјакот бил заморен.

„Откако во игра влезе Анхел Ди Марија, се мачевме во средниот ред и морав да извадам еден од Милик и Влаховиќ. Аркадиуш ми изгледаше поуморен, па затоа го извадив него“ - објаснува Макс Алегри.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.