24фудбал

Притисокот врз Нагелсман се зголемува, има незадоволни фудбалери, а сега има и кој да го наследи

Баерн Минхен врза три нерешени натпревари во Бундеслигата, тоа е нешто што го уклучува алармот во клубот, медиумите пишуваат дека дел од фудбалерите се незадоволни од тактичките замисли на Јулијан Нагелсман, а сега откако Томас Тухел е слободен, притисокот се зголемува.

Германија

Баерн Минхен одигра три нерешени средби по ред и ја загуби лидерската позиција во Бундеслигата, утрешниот натпревар против Барселона може да ја продлабочи кризата, но може да донесе и позитивни ветришта, ќе зависи од резултатот.

Според „Билд“ дел од фудбалерите му го вртат грбот на Нагелсман, не се задоволни од неговите тактички решенија кои сметаат дека допринесуваат за лошите резултати во Бундеслигата.

Тој не презема одговорност за резултатите и вината за неуспесите ја префрла врз фудбалерите.

Таков беше случајот по ремито против Штутгарт, Нагелсман беше критикуван за тактиката, но тој прстот го впери во своите фудбалери.

Столчето на Нагелсман почнува да се тресе, притисокот да се зголемува иако тој не го признава тоа.

Томас Тухел сега е слободен тренер и тој би можел да биде новиот тренер на Баерн Минхен доколку раководството се одлучи за промена.

Утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона може да има силно влијание врз иднината на Нагелсман.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК