24фудбал

Малку фалеше фудбалери на Црвена звезда да се истепаат меѓусебе (ВИДЕО)

По крајот на првото полувреме на мечот меѓу Црвена звезда и Монако во Лига Европа, се случи инцидент меѓу играчите на домаќинот Канга и Букари.

Лига Европа

Одејќи накај соблекувалната, Канга и Букари почнаа меѓусебно да се кошкаат, тоа можеше да прерасне во тепачка доколку останатите играчи и стручниот штаб не беа таму да спречат поголем инцидент.

Проблемот го решиле во соблекувалната бидејќи на почетокот од вториот дел излегоа прегрнати.

Црвена звезда со 1-0 го загуби мечот од Монако.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.