24фудбал

Домашни порази на Манчестер јунајтед и Црвена звезда во Лига Европа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 1-0 загуби од Реал Сосиедад на Олд Трафорд, со истиот резултат Црвена звезда е поразена од Монако во Белград, двата гола беа постигнати од пенал.

Лига Европа

Во составот на Манчестер јунајтед се вратија Кристијано Роналдо и Хари Мегваер, но тимот на Тен Хаг не успеа да даде гол на свој терен.

Реал Сосиедад ги однесе трите бода благодарение на гол на Мендез од пенал во 59. минута. Најстрогата казна беше досудена поради игра со рака на Мартинез.

Судбината на Манчестер јунајтед ја доживеа и Црвена звезда, и тие загубија на домашен терен со гол од пенал.

Погодокот за Монако го реализираше Емболо на 15 минути до крајот на мечот.


Барди и Трабзонспор загубија на гостувањето кај Ференцварош со 3-2, македонскиот репрезентативец го одигра само првото полувреме.

Ефикасно беше во Рим каде Лацио со 4-2 го победи Феенорд. Два гола за лацијалите даде Весино, по еднаш погодија Луис Алберто и Фелипе Андерсон.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.