Категорија: Лига Европа 08.09.2022 20:52
Шампионот од Конференциската лига, Рома, имаше лош старт на сезоната во Лига Европа, тимот на Мурињо со пораз се враќа од Разград.
Рома имаше повеќе од играта, имаше повеќе шанси, ја погоди и стативата. Но по една лоша интервенција во одбраната, Лудогорец со гол на Каули во 72. минута поведе со 1-0.
Во 86. минута Шомуродов реализираше со глава за 1-1, но само две минути подоцна Нонато даде гол за победа на Лудогорец од 2-1.
Арсенал со тој резултат го победи Цирих на негов терен. Маркињос во 16. минута донесе водство, а домаќините преку Кризи израмни на 1-1 пред крајот на првото полувреме.
Нкетија по 17 минути игра во вториот дел даде гол за победа на Арсенал од 2-1.
Алиоски беше стартер за Фенербахче и играше до 82. минута, неговиот тим со 2-1 го совлада Динамо Киев со гол на Батшуаи во судиското продолжение.
Во судиското продолжение загуби АЕК Ларнака на Иван Тричковски. Беа поразени од Рен со 2-1. Македонецот беше стартер и одигра 80 минути.
Бетис со два гола на Вилијан Хозе победи на гостувањето кај Хелсинки.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.