24фудбал

Де Лихт ги потврди зајадливите коментари на Нагелсман за тренинзите во Јуве: Ми беше тешко на почетокот во Баерн

Матајс де Лихт вели дека тренинзите во Баерн Минхен се многу поинтензивни од тие во Јувентс па имал малку проблеми на почетокот од авантурата на „Алианц Арена“.

Германија

Холанѓанецот изминатово лето стави крај на авантурата во Торино и се пресели во Минхен во зделка вредна 67 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Кратко по трансферот, Јулијан Нагелсман излезе со зајадлив коментар на адреса на Јувентус и клубовите од Серија А.

„Разговарав со Де Лихт по првиот тренинг, и ми рече дека ова била најтешката тренинг сесија што ја одработил во последните четири години. Беше тешка, но не до толку многу. Би рекол сосема нормална тренинг сесија подготвена од др. Броих (фитнес тренерот на Баерн). Очигледно ќе треба малку повеќе да поработиме со Де Лихт. Не одигра многу минути минатата сезона и слушам дека не е лесно да останете фит во Италија“ – рече Јулијан Наглесман.

Самиот Матајс де Лихт сега ги потврди ваквите зборови и призна дека на почетокот му било тешко.

„На почетокот ми беше тешко, но како одминуваат деновите, учам и се подобрувам. Ова е мноту важно за мене“ – рече дефанзивецот по синоќешната победа над Интер во Лигата на шампионите.

„Двата тренинг режими се тешки, но во Италија повеќе време се посветува на тактики и системи, помалку на интензитет а уште помалку на спринтови“.

„На почетокот се мачев на тренинзите бидејќи не бев навикнат на таков интензитет каков што имаше во Баерн. Но сега сум во добра форма“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.