24фудбал

Официјално: Марко Росе е нов тренер на Лајпциг

Ред Бул Лајпциг синоќа му врачи отказ на Доменико Тедеско, а денеска го назначи Марко Росе за нов тренер на првиот тим.

Германија

Раководството на Лајпциг брзо ја направи тренерската смена, само 24 часа откако го отпушти Тедеско, го назначи Росе за нов тренер.

Тој утринава стави потпис на договор до јуни 2024 година.

„Марко Росе ќе биде нов тренер на Лајпциг, тој потпиша двегодишен договор со трајност до јуни 2024 година. 45-годишниот стратег ќе го наследи Доменико Тедеско кој вчера, среда доби отказ“, стои во соопштението на германскиот клуб.

Росе е роден во Лајпциг, па ова му е како враќање дома.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.