24фудбал

Лајпциг веднаш најде нов тренер

Ред Бул Лајпциг утрово го отпушти Доменико Тедеско, а веќе во текот на денот договори негов наследник, се работи за Марко Росе.

Германија

Лајпциг и Марко Росе во текот на изминатите неколку часа се договорија за соработка, тој наскоро ќе биде назначен за нов тренер на првиот тим.

Во текот на денешниот ден тој ќе го потпише договорот, а веќе од утре ќе го тренира тимот.

Интересно, неговото деби како тренер на Лајпциг ќе се случи на мечот против Борусија Дортмуна која му беше последен тим кој го водеше.

Росе е роден во Лајпциг, па ова е некој вид негово враќање дома.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.