24фудбал

Баерн го советува Кејн да не става потпис на нов договор, тие следното лето ќе тргнат во офанзива по неговите услуги

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен сака да го ангажира Хари Кејн летото во 2023 година па го советуваат напаѓачот да не става потпис на нов договор за зделката да може полесно да се реализира.

Германија

Баерн Минхен ова лето остана без Роберт Левандовски и не донесе директна замена за напаѓачот. На Алианц Арена пристигнаа Садио Мане и младиот Матис Тел, но ниту едниот, нитуи другиот во моментов можат да ги надохнадат головите на Полјакот.

Како што пишува Билд, Хари Кејн е желбата на „баварците“ за пополнување на дупката, и планираат да тргнат во офанзива следното лето.

За да може зделката полесно да се реализира, Баерн Минхен го советува Хари Кејн да не става потпис на нов договор. Со оглед на тоа дека актуелниот истекува во 2024 година, следното лето ќе биде последна шанса за Тотнем да заработи добро од продажба.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.