24фудбал

Втор кикс по ред на Баерн Минхен, Бундеслигата има нов лидер (ВИДЕО)

Баерн Минхен одигра второ реми по ред во Бундеслигата, овојпат 1-1 на гостувањето кај Унион Берлин, Баварците паднаа на третата позиција на табелата, а лидер е Фрајбург.

Германија

Ново разочарување за навивачите на Баерн Минхен, нивниот тим одигра само 1-1 кај Унион Берлин. Двата гола беа постигнати рано во мечот.

Бекер во 12. минута донесе водство за Унион Берлин, а само три миунти подоцна Кимих погоди за 1-1, што беше и конечен резултат.

Лидер на табелата е Фрајбург кој со 3-2 славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен.

Фрајбург има 12 бода, исто колку и Борусија Дортмунд, но подобра гол разлика, Баерн Минхен е трет со 11 бодови како и Унион Берлин.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.