24фудбал

Трап: Добив понуда од Манчестер јунајтед, но решив да останам во Ајнтрахт

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап не сака да биде резерва во Манчестер јунајтед, па го одбил англискиот клуб без разлика на атрактивноста на понудата.

Германија

Манчестер јунајтед се обидува да најде замена за Давид де Хеа, а еден од голманите на кои му испратиле понуда бил и Кевин Трап од Ајнтрахт Франкфурт.

„Добив писмена понуда од Манчестер јунајтед, еден од најголемите клубови во светот. Вчера, ги информирав одговорните во двата клуба дека одлучив да останам во Ајнтрахт Франкфрут“, изјави Трап.

Трап со Ајнтрахт Франкфурт ќе настапува во Лигата на шампионите, тие се и во шеширот на носители како победници на Лига Европа.