24фудбал

Салихамиџиќ објасни зошто Баерн не го ангажирал Роналдо ова лето

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ објасни зошто одлучиле да не го ангажираат Кристијано Роналдо ова лето, вели дека и без Роберт Левандовски имале премногу квалитет во нападот.

Германија

Се шпекулира дека Кристијано Роналдо сака да замине од Манчестер јунајтед и неговиот агент Жорж Мендеш го понудил на многу клубови ширум Европа.

Баерн Минхен се посочуваше како можна дестинација, Португалецот се најавуваше како наследник на Роберт Левандовски.

Спортскиот директор на „баварците“, Хасан Салихамиџиќ сега објасни зошто одлучиле да не го ангажираат Кристијано Роналдо.

„Кога ќе видиме колку добро е екипиран нашиот напад, дури и без Роберт Левандовски, едноставно е тешко од спортски и финансиски аспект“ – вели популарниот Брацо.

„Имаме осум играчи за четири позиции во нападот... Имаме докажани топ играчи кои се во врвот од кариерата. Имаме и талентирани играчи на кои сакаме да им дадеме минутажа, па сите се сложивме дека ќе продолжиме со планот“.

„Па не доаѓаше во предвид да го ангажираме Кристијано Роналдо“.