24фудбал

Баерн сака да ја потвори „операцијата Кутињо“ со Френки де Јонг

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Баерн Минхен се приклучил во трката за потписот на Френки де Јонг, „баварците“ сакаат да го ангажираат Холанѓанецот на позајмица.

Германија

Френки де Јонг подолго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед, интерес за неговите услуги потоа пројави и Челси, а последните информации велат дека во трката за потписот на Холанѓанецот се приклучува и Баерн Минхен.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, „баварците“ сакаат да ја повторат „операцијата Кутињо“ и да го донесат Френки де Јонг на позајмица со опција за перманентен трансфер.

Летото во 2019, двата клуба договорија позајмица на Филипе Кутињо на „Алианц Арена“, Баерн на Барселона и плати околу 8,5 милиони евра, плус превзеде обврска во целост да ја исплаќа платата на фудбалерот, како и опција да го купи во целост играчот за 120 милиони евра.

Идејата на Баерн е да донесат фудбалер од светска класа за кого сега нема да потрошат многу пари и доколку тој одигра на високо ниво, да го задржат на подолг рок.

Барселона пак од друга страна ќе се ослободи од високата плата на Френки де Јонг и ќе се отвори простор за регистрирање на Жил Кунде.