24фудбал

Луд меч во Дортмунд, Борусија до 89. минута водеше со 2-0 и изгуби од Вердер! (ВИДЕО)

Вердер Бремен со 3-2 ја победи Борусија во Дортмунд во еден натпревар за паметење во кои домаќините до 89. минута имаа водство од 2-0.

Германија

Со голови на Брант пред крајот на првото полувреме и Гереро во 77. минута, Борусија Дортмунд дојде до водство од 2-0.

Во тој момент ништо не наговестуваше чудо, но тоа почна да се случува од 89. минута кога Бучанан постигна гол за 2-1.

Потоа во 93. минута Шмид израмни на 2-2, но тоа не беше се, две минути подоцна Бурке реализираше за победа на Вердер од 3-2.