24фудбал

Дарко Чурлинов го даде првото интервју како фудбалер на Барнли (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов од денеска е нов играч на Барнли, Македонецот е возбуден поради неговото ново поглавје во кариерата.

Македонија

Чурлинов го даде и првото интервју како фудбалер на Барнли. Вели дека е возбуден поради новиот предизвик и со нетрпение чека да почне да игра.

„Се чувствувам возбудено, многу сум среќен што сум тука. Гледам напред кон сезоната. Требаше од Германија прво да отпатувам во Париз, да ја земам мојата виза, бидејќи имам македонски пасош и малку потешко е да дојдам тука во Велика Британија со тој пасош, требаше да аплицирам за виза и да почекам еден ден таму. Веднаш штом ја земав, дојдов тука“, вели Чурлинов.

„Првпат кога слушнав за интересот на Барнли, го примив како многу возбудлива вест, мислев на тоа. Мислам дека можам да му дадам многу на тимот, сметам дека многу е важно за овој клуб да се врати назад во Премиерлигата и тука сум да помогнам да се случи тоа“.

„Компани ми го кажа неговиот план, навистина ми се допаѓа неговиот стил на тренирање и возбуден сум што ќе работам со него“.

„Ова е ново поглавје во мојот живот, возбуден сум и многу сум среќен што сум тука. Англискиот фудбал е поразличен од германскиот, но ќе се обидам да се адаптирам колку што е можно побрзо, нема време за губење, со нетрпение ги чекам следните недели. Среќен сум што ќе ги видам фановите утре“.

„Ги гледав последните 2-3 меча на Барнли. На последниот меч мислам дека игравме многу добар фудбал, само треба да ги реализираме шансите кои ни се укажуваат и се ќе биде добро“.

„Себе ќе се опишам, имам добра техника, добар сум пред голот, имам добро чувство, брз сум, останатото ќе го видите“.

„Секогаш ми е задоволство да играм за Македонија, тоа ме прави многу среќен и секогаш го давам најдоброто од мене кога одам таму“.

„Тренинг комплексот на Барнли е неверојатен, навистина, не сум видел подобар. Слушнав многу убави работи за фановите тука и возбуден сум што утре ќе ги видам. Тие можат да бидат возбудени за мене, како што и јас сум возбуден за нив“.