24фудбал

Официјално: Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Касемиро

Манчестер јунајтед потврди дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансферот на Касемиро кој ќе биде комплетиран наскоро.

Англија

Стигна и официјална потврда, Касемиро од Реал Мадрид се сели во Манчестер јунајтед.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека постигна договор со Реал Мадрид за трансфер на Касемиро“, стои во соопштението на клубот.

Трансферот ќе биде комплетиран откако фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот.