24фудбал

На Клоп не му се верувало кога слушал како Агбонлахор го критикува Јунајтед: Тој ли најде да зборува, кога губеше 6-0...

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп открива дека малку фалело да се јави во емисија на Токспорт, Германецот не можел да поверува какви критики дели Габриел Агбонлахор по поразот на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Брентфорд.

Англија

„Ѓаволите“ минатиот викенд го претрпеа еден од потешките порази, загубија со 4-0 на гостувањето кај Брентфорд. Па критики пристигнуваа од сите страни, Габриел Агбонлахор беше еден од поранешните фудбалелри кои жестоко распали по Манчестер јунајтед и дури ги нарече аматери.

Манчестер јунајтед во понеделник го пречекува Ливерпул, па Јирген Клоп даде свое видување за работите.

„Очигледно не беше убава недела за Манчестер јунајтед по натпреварот против Брентфорд, но забораваме колку Брентфорд е добар во овој момент. Го гледав првото полувреме тука (тренинг ценатрот на Ливерпул), а потоа возев накај дома и ја слушав емисијата на Токспрт“ - рече тренерот на Ливерпул на денешната прес конференција.

„Не можев да поверувам што зборуваше Габи... во мојата прва година во Ливерпул, тој загуби 6-0 од нас. Не паметам дека покажа „ѕверски менталитет“ на теренот. Тоа што го зборуваше во емисијата... малку фалеше да му се јавам и да му кажм, „Изгледа забораваш дека и ти беше играч“. Неверојатно. Ако поранешните фудбалери кажуваат такви работи, можете да замислите што зборуваат обичните навивачи“