24фудбал

Баерн го одби, но Борусија Дортмунд го носи Кристијано Роналдо во Бундеслигата!?

Кристијано Роналдо се поврзува со нов клуб, последните информации велат дека Борусија Дортмунд интерно води разговори за ангажман на Португалецот.

Германија

Подолго време се говори дека Португалецот сака да замине од Манчестер јунајтед, ЦР7 се поврзуваше со голем број на клубови, но никој не загриза посериозно, но работите можат да се променат до крајот на преодниот рок и да се случи изненадувачки трансфер.

Последните информации велат дека Борусија Дортмунд интерно води разговори за ангажман на Кристијано Роналдо и Жорж Мендеш ги охрабрува „милионерите“ да достават понуда.

Се разгледува можноста Кристијано Роналдо да пристигне во Борусија Дортмунд на позајмица, но не се исклучува и опцијата за перманентен трансфер на Сигнал Идуна Парк.