24фудбал

Рутински три бода за Шкендија против Скопје

Денеска се играше одложениот меч од првото коло во Првата македонска лига помеѓу Шкендија и Скопје, победија домаќините со 2-0, а гостите уште во првото полувреме останаа со двајца играчи помалку.

Македонија

По само шест минути игра резултатот беше отворен. Бразилецот Вагнер шутираше од слободен удар, топката се одби од живиот ѕид и заврши во мрежата на Скопје за водство на Шкендија од 1-0.

Потоа следуваа две исклучувања за Скопје. Најпрво Гордијан Христовски доби директен црвен картон во 33. минута, а потоа Христијан Кировски за две минути успеа да добие два жолти и тој да биде исклучен од игра. Првиот жолт му беше за приговор, вториот за опасен старт.

Победата за Шкендија ја запечати Сабит Билали во 62. минута поставувајќи ги конечните 2-0.

Шкендија има четири бода од две одиграни кола во новата сезона.