24фудбал

350 настапи на Адеми за Динамо Загреб (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми дојде до голем јубилеј во дресот на Динамо Загреб, 350 настапи за хрватскиот фудбалски гигант.

Македонија

Адеми одамна е влезен во историјата на Динамо Загреб, сега само ги менува бројките.

Синоќешниот меч против Бодо/Глимт за Адеми беше 350. во дресот на Динамо Загреб, тој е на второто место во историјата на клубот, далеку пред него е легендарниот голман, Дражен Ладиќ со 468 натпревари.

Адеми е рекорден по бројот на освоени трофеи за Динамо Загреб вкупно 21, и е рекордер по бројот на одиграни европски мечеви. Има 97, а со оглед на тоа што неговиот клуб сигурно ќе игра во групна фаза, без разлика дали во Лигата на шампионите или во Лига Европа, тој ќе дојде и до јубилејната 100ка.

Да потсетиме, сите овие бројки се со двегодишна пауза поради позитивниот допинг тест. Ќе беа и многу поголеми да не беше тој несреќен момент во неговата кариера.