24фудбал

Авантурите на Роналдињо во Мексико: Во петок се качуваше во приватен авион и одеше во Канкун или Плаја дел Кармен

Патрисио Рубио, кој делеше соблекувална со Роналдињо во Кверетаро, откри дека Бразилецот секој петок се качувал во приватен авион и одел да се забавува на популарни дестинации како Канкун или Плаја дел Кармен.

Јужна Америка

На залезот од својата кариера, Роналдињо се реши за авантура во Мексико и направи трансфер во Кверетаро. Бразилецот таму се задржа само една година, а судејќи според сведоштвата на негов поранешен соиграч, фудбалот му бил во втор план.

„Секогаш домашните натпревари ги игравме во петок, па Роналдињо по крајот на натпреварот ќе се качеше во приватен авион и одеше да се забавува на популарните дестинации како Канкун или Плаја дел Кармен“ - раскажува Патрисио Рубио.

Роналдињо исто така никогаш не се појавувал на тренинзите во понеделник: „Секогаш се враќаше во вторник, мислам дека го немам видено на тренинг во понеденик“.