24фудбал

Кукуреља одговори дали ќе ја скрати косата по инцидентот со Ромеро на дербито против Тотнем

Марк Кукуреља вели дека не размислува да ја промени фризурата откако беше повлечен за коса од Кристијан Ромеро на градското дерби помеѓу Челси и Тотнем.

Англија

Во завршницата од мечот, при еден корнер за Тотнем, Кристијан Ромеро го повлече Марк Кукуреља за коса. Судијата Ентони Тејлор не реагираше, ВАР ги прегледуваше повторените снимки, но гостинскиот играч не беше санкциониран.

За маката да биде поголема, од новиот конер, Хари Кејн погоди за 2-2 и „спарси“ стигнаа до бод.

„Според мене, јасно е што се случи, од видеото убаво се гледа што се случи, но тоа е, судиите понекогаш знаат да погрешат“ - вели Марк Кукуреља.

Запрашан дали планира да ја скрати косата за да не се повтори ваков инцидент во иднина, Шпанецот рече: „Не, никогаш. Ова е мојот стајлинг“.