24фудбал

Манчестер јунајтед како да носи одлуки од денес за утре, сега се поврзува со фудбалер на Челси

Кристијан Пулишиќ од Челси е новото името кое се поврзува со Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ сакаа да го донесат напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната.

Англија

На „ѓаволите“ очигледно им гори под нозете по двата порази на стартот од новата сезона во Премиерлигата, сакаат што побрзо да донесат нови засилувања, но со потезите кои ги влечат делуваат како да носат одлуки од денес за утре и да прават панични купувања.

Последните шпекулации велат дека Манчестер јунајтед пројавил интерес за Кристијан Пулишиќ од Челси.

Клубот од Олд Трафорд стапил во контакт со „сините“ и се распрашувале за можноста да го ангажираат фудбалерот од САД на позајмица до крајот на сезоната.

Кристијан Пулишиќ има ограничена минутажа кај Томас Тухел, фрустриран е поради тоа што не добива шанса, па размислува за преселба во нова средина. Останува да се види дали Челси ќе сака да преговара со директен ривал.