24фудбал

Пријателот на Роналдо: Има 5-6 понуди, нема шанси да заигра за еден клуб!

Новинарот Еду Агире, кој е добар пријтел на Кристијано Роналдо, вели дека е невозможно Португалецот да се пресели во Атлетико Мадрид и додава дека напаѓачот има 5-6 понуди.

Англија

Името на Кристијано Роналдо секој ден е дел од трансфер шпекулациите, се говори дека Португалецот летово сака да замине од Олд Трафорд.

Наводно Жорж Мендеш го понудил на многу клубови ширум Европа, дури и на Атлетико Мадрид.

Португалецот на социјалните мрежи објави дека се пишуваат многу лаги за него, а истото ова го пренесе и новинарот Еду Агире, кој е добар пријател со ЦР7.

„Роналдо е многу разочаран и бесен на сите тие неточни информации кои се појавуваат во медиумите. Невозможно е тој да игра во Атлетико Мадрид! Тоа нема да се случи“ - вели Еду Агире.

„Роналдо има понуди од 5-6 клуба“.