24фудбал

Официјално: Рома потпиша спонзорски договор со Тојота

Тојота станува главен глобален спонзор на Рома, италијанскиот клуб и официјално ја потврди соработката со автомобилскиот гигант од Јапонија.

Италија

Рома информираше дека Тојота станува нов главен спонзор во клубот. Нивното име нема да биде на дресовите за време на мечевите, но ќе биде на се останото.

„Рома со задоволство може да го соопшти договорот со Тојата Груп, со кој светскиот автомобилски бренд станува нов главен глобален партнер на клубот“, се вели во соопштението на Рома.

Тие информираат дека брендот Тојота ќе биде на сите тренинг дресови и на машкиот и на женскиот клуб. 

Новиот спонзор ќе обезбеди Тојота и Лексус автомобили за тимот.

Рома се заблагодари на Хјундај кој досега беше дел од спонзорите во клубот.