24фудбал

Ди Марија се повреди, Алегри вели: Требаше да го извадам порано, но уживаше во играта на теренот

Анхел Ди Марија имаше одлично деби во дресот на Јувентус во Серија А со гол и асистенција, но Аргентинецот се повреди и сега ќе се чекаат тестовите за да се види колку време ќа паузира.

Италија

Јувентус ја започна новата сезона во Серија А со победа од 3-0 над Сасуоло, Анхел Ди Марија го отвори резултатот, Влаховиќ од пенал зголеми на 2-0, за на стартот од вториот дел, Аргентинецот да му асистира на Србинот за 3-0.

Сепак, мала дамка е тоа што 15 минути подоцна Анхел Ди Марија се пожали на повреда и мораше да биде повлечен од игра.

„Не сум премногу загрижен, ќе видиме што ќе покажат тестовите утре. За жал, вакви работи се случуваат во фудбалот. Имаше проблеми со препоните и пред една недела. Веројатно требаше да го извадам од игра кога поведовме со 3-0, но уживаше во играта на теренот“ – рече тренерот Макс Алегри по крајот на натпреварот.